Хамилтон: Титула? Ќе биде тешко, но немам намера да бегам од борба за шампионската круна

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон смета дека шансите за освојување на нова шампионска титула се мали, имајќи предвид дека заостанува 32 бода зад Макс Ферстапен од Ред Бул.

Холанѓанецот веќе триумфираше на четири од последните пет трки во Ф1.

„Ред Бул е скоро недостижен, но ние правиме што можеме за да се доближиме до нив. Кога ќе се појави предизвик, јас се соочувам со него. Никогаш не бегам од борба. Кога започна сезоната и кога видовме дека Ред Бул ќе не предизвика, тоа беше возбудливо. Нема да биде крај на светот ако не ја освоиме титулата, но ќе сториме што можеме за да бидеме повторно шампиони“, изјави Луис.

Актуелниот шампион најави подобрување на перформансите на болидот пред трката за Големата награда на Велика Британија.

„Има многу промени во болидот, но не станува збор за големи подобрувања. Работевме напорно во изминатите недели, се надевам дека со враќање на патеката што ни одговара, ќе постигнеме подобри резултати и дека борбата со Ред Бул ќе биде понеизвесна“, заклучи Хамилтон.

Се вчитува...