Хамилтон триумфираше во Монца, направи поголема предност во шампионската трка

Актуелниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, е победник на трката за Големата награда на Италија во Монца со што ја зголеми предноста во шампионската битка со Себастијан Фетел на 30 бода.

Хамилтон се избори со двата болида на Ферари кои тргнаа од првиот стартен ред. Фетел го мина уште на стартот, а Раиконен на осум круга пред крајот на трката. За Британецот ова е шести сезонски тирумф, а петта победа на патеката во Монца.

Кими Раиконен го заврши натпреварувањето на втората позиција и дојде до 100. подиум во кариерата. Валтери Ботас беше на третата позиција. Макс Ферстапен всушност имаше трето време на трката, но поради казната од пет секунди, падна на петтата позиција. Себастијан Фетел е четвртопасиран.

На седум трки пред крајот од сезоната, Хамилтон има 256 бода, Фетел е со 226. Следната Формула 1 трка е по две седмици во Сингапур.

 

Се вчитува...