Хамилтон уште две години во Мерцедес за 80 милиони фунти

Луис Хамилтон дефинитивно стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина откако актуелниот светски првак потпиша нов договор со Мерцедес до 2020 година. Британецот долго време преговараше за продолжување на соработката со својот тим, за денеска и официјално да биде ставен потпис на рекордниот договор, вреден неверојатни 40 милиони фунти годишно или вкупно 80 милиони фунти.

Со тоа, Хамилтон би останал во болидот на Мерцедес до 35-годишна возраст, кога најверојатно повеќекратниот светски првак и официјално ќе објави крај на својата кариера.

Јас сум дел од семејството на Мерцедес уште од 1998 година. Засекогаш ќе бидам благодарен на нивната континуирана поддршка, љубов и заштита низ сите овие години. Горд сум на сето она што го имаме остварено заедно и уште повозбуден сум за предизвиците што се пред нас во иднина“ – изјави Хамилтон по потписот на договорот.

Се очекува Мерцедес во следниот период да потпише нов договор и со Валтери Ботас, кој и во наредните две сезони би му бил партнер на Луис Хамилтон.

Се вчитува...