Хамилтон во пол позиција за титулата во Ф1: Не очекував дека ќе ја зголемам предноста по Сингапур

Бранителот на титулата во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон е на големи 40 бода предност пред единствениот ривал на трофејот, Себастијан Фетел во пресрет на завршните шест трки од сезоната. Не само во Сингапур, Хамилтон беше многу подобар од конкурентот на последните шест трки на кои завршуваше како победник или на втората позиција.

Фетел пак има две победи, по едно второ, трето и четврто место и една незавршена трка. На тоа се должи и и бдовната азлика која го става Хамилтон во одлична позиција за титулата.

„Добро се бореа овој викенд. Но, не знам каде им се загуби брзината. Не очекував дека по оваа трка ќе имам дополнителни 10 бода предност“ – изјави Хамилтон анализирајќи го противникот.

Фетел пак знае дека неговиот тим може многу подобро од тоа што го покажа во Сингапур.

„Не бевме доволно брзи и константни за време на трката. Во почетокот бевме агресивни, но не ни успеа. Реков дека единствено можеме да се победиме самите себе. Не покажавме се што можеме“ – изјави Фетел.

Следната Формула 1 трка е по две седмици во Сочи во Русија, а веќе седум дена подоцна е натпреварувањето во Јапонија.

 

Се вчитува...