Хамилтон: Воопшто не ми е јасно што се случува со Фетел и Ферари

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжи својата доминација со победата на трката за Големата награда на Јапонија.

Хамилтон во Јапонија имаше одличен викенд кој го круниса со нова победа доаѓајќи блиску до одбрана на шампионската титула во Формула 1. Вистинско разочарување на трката повторно беше неговиот најголем ривал, Себастијан Фетел кој заврши дури на 6. место. Судирот со Ферстапен скапо го чинеше возачот на Ферари на оваа трка, па сега е се подалеку од Хамилтон.

Хамилтон по трката призна дека и изненаден од падот на Ферари од трката во Монца…

„До средината на сезоната беа навистина одлични. Во Монца имаа добар викенд, но потоа се тргна лошо за нив. Искрено ни најмалку не можев да очекувам ваков нивни пад. Не ги знам причините, не сум фокусиран на тоа. Но, тоа и не е моја работа. Можеби Себастијан ги има одговорите на таквите прашање“ – вели Хамилтон.

Се вчитува...