Хамилтон запиша историја: И 72 пол позиција во кариерата!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон стигна до својата 72 пол позиција во кариерата, па на главната трка за Големата награда на САД ќе стартува како прв.

По квалификациите во САД, Хамилтон запиша историја за себе со најголем број места во првиот ред. Дури 117 пати успеал од првиот ред да стартува на една трка, надминувајќи го досегашниот рекорд на Михаел Шумахер.

hamilton 2

Со оглед на формата во која вози сезонава се очекува негово освојување на титулата. Во квалификациите за ГН на САД, Британецот го извозе најдобриот круг со време од 1:33,018, повеќе од три секунди побрзо од минатата година. Втор беше Себастијан Фетел со заостанување од 0,239 секунди, а на третото место заврши Валтери Ботас пред Рикиардо.

Трката за Големата награда на САД се вози вечерва од 21 часот по средноевропско време.

Се вчитува...