Хамшик го урна рекордот на Марадона (видео)

Марек Хамшик е новиот апсолутен рекордер на Наполи откако со денешниот гол против Сампдорија словачкиот ас го урна рекордот на неповторливиот Диего Армандо Марадона.

Хамшик и Марадона се наоѓаа на делба на првото место со по 115 гола во дресот на „наполитанците“, за Словакот денеска да го постигна својот 116. погодок, за свое место во историјата на клубот од Неапол.

Се вчитува...