Хамшик останува во Наполи

Словачкиот интернационалец Марек Хамшик одлучи да остане во Наполи и следната сезона. Иако имаше понуда за да ја продолжи кариерата во Кина, тој сепак реши да остане во Неапол не сакајќи да замине на Далечниот Исток.

Хамшик минатата сезона стана најдобар стрелец во историјата на Наполи надминувајќи го легендарниот Диего Марадона, а следната може да урне уште еден клупски рекорд. Му недостигаат уште 11 натпревари во дресот на „наполитанците“ за да го надмине Џузепе Брусколото, кој има одиграно 511 мечеви за Наполи.

Се вчитува...