Ханга пред кошаркарското „Ел класико“: Целта е да се спречи Дончиќ

Кошаркарот на Барселона, Адам Ханга има една задача за утрешното „Ел класико“ против Реал Мадрид во Евролигата, примарна цел е да се најде начин како да се спречи бекот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ. Најдобриот дефанзивец во Евролигата смета дека само така „каталонците“ ќе триумфираат над големиот ривал во најелитното европско натпреварување.

„Примарна цел за нас, поточно за мене како најдобар одбранбен играч во лигата ќе биде да се спречи Дончиќ. Лука ја превзеде улогата на лидер од повредениот Љуљ и одлично го прави тоа во досегашниот тек од сезоната. Она што го прави со 18 години е навистина извонредно, има огромна поддршка и голема самодоверба со која може да го реши мечот во неколку потези, па затоа мора да го спречиме да се воигра“, вели Ханга.

Барселона по втор пат ќе гостува во Мадрид да се пресмета со „кралевите“, откако пред нивна публика веќе остварија победа во АЦБ – лигата, Ханга сега сака триумф и во Евролигата.

„Знаеме дека натпреварот ќе биде исклучително тежок да се добие. Ова ќе ни биде втора средба на нивен терен оваа сезона, но во шпанското првенство еднаш ги победивме, очекувам одново да излеземе како победници од мечот. Реал пред своја публика игра со многу самодоверба, можат да се заканат на неколку начини, без разлика што имаат проблеми со повредени играчи“, додаде.ж Ханга.

Се вчитува...