Хановер влегува во серија – Кузмановски „скромен“, но повторно „перфектен“

Хановер на нашиот Филип Кузмановски стигна до вториот триумф во низа во Бундеслигата откако славеше на домашен терен против фенерџијата Минден со 30-29. Македонскиот репрезентативец одигра скромен натпревар во кој упати само два обида кон противничкиот гол, но истите успешно ги реализираше.

Интересно е тоа што токму Кузмановски го постигна последниот гол за својот тим, а притоа реализираше и во претпоследниот гол во првото полувреме.

Со овој триумф Хановер се искачи на 13. позиција на табелата во елитата на германскиот ракомет со скор од три победи и пет порази.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...