Хансен: Ние сами сме виновни за овој пораз од Шпанија

Данска го загуби полуфиналето против Шпанија, па в недела наместо за злато, ќе се бори за бронзен медал. Големиот фаворит попушти во второто полувреме и заслужено беше поразен во полуфиналната фаза.

Разочарувањето беше очигледно кај избраниците на Николај Јакобсен, што беше потврдено и од изјавата по мечот на Микел Хансен.

„Секогаш е тешко да се надмине губењето полуфинале. Но, ние сме виновни за тоа, бидејќи не играме доволно добро. Може да се каже дека требаше да бидеме во позитива со 3-4-5 гола во еден период, но направивме премногу технички грешки и не стигнавме да играме со контра напади, што е наша предност во однос на сите ривали. И не профитираме од тоа што Ландин имаше навистина добар старт. Но, за тоа вина има и кај шпанската одбрана, која покриваше одлично на сите страни“, порача лидерот на данскиот национален тим.

Шпанците ќе играат за трета европска титулата во низа, по успесите во 2018 и 2020 година.

Се вчитува...