Хансен се ожени и го изнасмеа светот: Стајлингот за сеир на цела Европа (ФОТО)

Најдобриот светски ракометар за 2019 година, Микел Хансен, за време на пандемијата од коронавирусот, одлучи да го потсреди малку и приватниот живот па стави законска рамка и на врската со Стефани Гунделах.

Новата госпоѓа Хансен објави на Инстаграм дека се венчале со 32-годишната ѕвезда на ПСЖ, во прилично скромно опкружување затоа што сега и поинаку не може во моментов, заедно со синчето Еди Макс.

Но, интернет светот ширум Европа повеќе се заинтересира за стајлингот на Хансен кој во патики и траперки дојде на венчавката, предизвикувајќи смеа кај дел од фановите на ракометарот. Сепак, познато е дека неговата нова соприга Стефани е позната стилистка чија клиентка е и Ким Кардишјан. Дали Стефани го смислила и овој стајлинг на саканиот Микел, останува нејасно… Како и да е, и да е од нејзе, светот не го прифати стајлингот баш позитивно…

 

View this post on Instagram

 

JUST MARRIED?????

A post shared by Stephanie Gundelach (@sgundelach) on

Се вчитува...