Ханси Флик имал разговор со Лирој Сане, му порачал дека го очекува во Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен тргна во реализација на трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити. Тренерот Ханси Флик, како што откриваат германските медиуми, имал полчасовен разговор со германскиот репрезентативец и му порачал дека го очекува како големо засилување во тимот за следната сезона.

Сане требаше да направи трансфер во Баерн Минхен минатото лето. Се беше подготвено за реализација, а крилниот играч заработи сериозна повреда на коленото во претсезоната кинејќи ги предните вкрстени лигаменти. Ја пропушти целата досегашна сезона, а најверојатно нема ниту да заигра повторно за тимот на Пеп Гвардиола.

Баерн Минхен минатото лето беше согласен да плати 100 милиони евра за ангажманот на Лирој Сане, сега сумата треба да изнесува околу 80 милиони евра.

Се вчитува...