Ханси Флик ќе се обиде да го убеди Тијаго Алкантара да остане во Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик ќе се обиде да го убеди Тијаго Алкантара да остане во клубот. Ливерпул е заинтересиран одличниот среднист да го доведе во своите редови за сума од 31 милион фунти.

„Работата е, јас секогаш имам надеж. Имам позитивен став околу целата работа со Алкантара. Исто така знам дека кога сте во веќе искусни години, а претходно имате играно за Барселона во Ла лига и Баерн Минхен во Германија, би сакале да пробате и во Премиер-лигата. Сето тоа е нормално и човечки. Јас ќе направам се што е до мене да го убедам да остане“, изјави Флик. 

Баерн Минхен по доаѓањето на Ханси Флик игра неверојатно, а младиот стратег успеа да стигне до трофеите во Бундес-лигата и Националниот куп, а „баварците“ со игрите кои ги прикажуваат ќе бидат и меѓу фаворитите за освојување на трофејот во Лига на шампиони.

Се вчитува...