Ханси Флик сака да го врати Даглас Коста на „Алијанц арена“

Германскиот првак Баерн Минхен го доведе десниот бек Алваро Одриозола на позајмица од Реал Мадрид, а до крајот на зимскиот преоден рок сака на сличен начин да го засили и офанзивниот дел од тимот. Тренерот Ханси Флик има план да го врати на „Алијанц арена“ бразилскиот интернационалец Даглас Коста од Јувентус.

Оваа сезона Бразилецот многу ретко добива шанса во првиот тим на Маурицио Сари, а Баерн Минхен смета дека би бил одлично надополнување по крилните позиции и во средниот ред.

Баерн Минхен во моментот е второпласиран на табелата во Бундес-лигата со 36 бода, четири помалку од лидерот Лајпциг.

Се вчитува...