Хаос без граници во Србија: И Јокиќ е позитивен на коронавирус

Коронавирусот забрзано се шири во спортските кругови во Србија, па во истиот ден кога беше објавен позитивниот тест на Новак Ѓоковиќ, обелоденето е дека позитивен на Covid-19 е и Никола Јокиќ. Најдобриот српски кошаркар неодамна се дружеше со Ѓоковиќ на прошталниот натпревар на Дејан Милојевиќ во салата на Мега, тогаш тој воопшто не се тестираше и покрај позитивниот тест на Никола Јанковиќ, со кого беше во контакт, но ситуацијата се промени откако и Ѓоковиќ имаше позитивен тест.

Утрово и Јокиќ бил на тестирање, а вечерва беше објавено дека асот на Денвер нагетс исто така е позитивен. Тој ќе мора да мине 14 дена во самоизолација, поради што ќе биде одложено и неговото заминување за САД, каде требаше да му се приклучи на тимот во подготовките за завршницата од НБА-лигата.

Според српските медиуми, Јокиќ се чувствува одлично, нема никакви симптоми на болеста, но сепак ќе мора да остане затворен во својот дом се додека не добие зелено светло за враќање во САД.

Се вчитува...