Хаос и по трката: Фетел дисквалификуван, Хамилтон „скокна“ на второто место

Себастијан Фетел извозе одлично и стигна до второто место на хаотичната трка во Унгарија, но германскиот возач остана без своето место на пиедесталот откако беше дисквалификуван неколку часа по завршувањето на трката.

Организаторите ја донесоа оваа одлука бидејќи во болидот на Фетел немало доволно гориво во резервоарот, едно од најригорозните правила во Ф1. Според пропозициите, во секој болид мора да остане најмалку по еден литар гориво што потоа ќе се анализира, но во случајот на Фетел во резервоарот имало само 0,3 литри.

Ваквата ситуација ја искористи Луис Хамилтон, кој наместо трет, ја заврши оваа трка како второпласиран, зголемувајќи си ја предноста во генералниот пласман пред Ферстапен од шест на осум бода.

По дисквалификацијата на Фетел, на третото место на Хунгароринг се искачи Карлос Саинц од тимот на Ферари.

Се вчитува...