Хаос на лондонското дерби: Деле Али погоден со шише во глава (видео)

Ривалството меѓу Арсенал и Тотенхем носи со себе и огромна омраза меѓу двата лондонски ривали. На премиерлигашкиот дуел фан на Тотенхем фрли банана кон Обамејанг (и доби повеќегодишна забрана за посета на стадионите ширум Англија), а уште посериозен инцидент се случи на синоќешниот меч од четвртфиналето во лига-купот откако Деле Али беше удрен со пластично шише во главата од страна на еден фан на „топчиите“.

Англискиот репрезентативец, кој неколку минути претходно го постигна вториот гол за Тотенхем, се обиде да стигне една топка крај аут-линијата, а откако не успеа во тоа до него долета шише што заврши во главата, за среќа без посериозни повреди.

„Тоа само направи голот да биде уште посладок“ – искоментира Деле Али по натпреварот.

 

Се вчитува...