Хаос на Маракана: Капитенот заминува поради тренерот Станковиќ по обид за физичка пресметка

Црвена Звезда ремизираше против Сурдулица со 1-1 во 20. коло од Суперлигата на Србија по што разликата во однос на првопласираниот Партизан се зголеми на пет бода, а лошиот викенд предизвика хаос во редовите на тимот од „Маракана“.

Имено, по мечот во соблекувалната дошло до голема расправија помеѓу капитенот Милан Борјан и тренерот Дејан Станковиќ, а српските медиуми пренесуваат дека имало и навредливи зборови, споменување на мајки и обид за физичка пресметка.

Поради тоа Борјан го пропушти вчерашниот дуел против Бачка Топола на кој преку пресврт Црвена Звезда стигна до победа од 2-3, но ситуацијата воопшто не е наивна бидејќи искусниот голман решил да ја промени средината. Канаѓанецот со српско потекло е дел од „црвено-белите“ во последните три години и е еден од најзаслужните за европскиот успех на тимот.

Се вчитува...