Хаос на повидок: Јапонците ќе ги откажат Олимписките Игри „во пет до дванаесет“?!

Организаторите на Олимписките Игри во Токио се загрижени дека буквално во „пет до дванаесет“ ќе бидат принудени да го откажат одржувањето на најмасовното спортско натпреварување.

Делегациите со спортисти од сите делови на светот веќе почнаа да пристигнуваат во Токио, а до денеска се евидентирани 71 случај на заразени олимпијци со коронавирус. Оваа бројка се зголемува секој нареден час, па на три дена до стартот на ОИ, расте и притисокот врз директорот на Организацискиот комитет , Тошира Муто.

Јапонските власти инсистираат на целосно спроведување на протоколите кои важат за јапонскиот народ за време на прогласената вонредна состојба, а доколку ситуацијата се влоши, а бројките енормно скокнат, не се исклучува можноста за целосно откажување на Игрите на само ден или два пред нивниот официјален почеток.

„Не можеме да предвидиме како ќе се движат бројките на позитивни случаи меѓу спортистите. Ја следиме ситуацијата, имаме најразлични планови во зависност од тоа што ќе се случува. Една од опциите е и откажување на Игрите, иако никој од нас не го посакува тоа во моментов. Сепак, имаме обврска да ја донесеме вистинската одлука, за доброто на сите“, изјави Муто.

Се вчитува...