Проблем уште на првиот ден од Грандслем турнирот „Ролан Гарос“. Силниот дожд и ладното време воопшто не се погоди за тениски натпревари, па сосема очекувана е лутината кај Викторија Азаренка.
Од самото излегување на теренот против Данка Ковиниќ, Азаренка беше незадоволна од условите на терен, па се жалеше кај судијата и бараше доаѓање на супервизор.
„Ова станува веќе смешно. Не сакам да седам тука, затоа што се смрзнувам. Нема да чекам повеќе ниту една минута, тука е ладно, осум степени, јас живеам на Флорида. Ова не се услови за тениски натпревар“ – порача Белорусинката.
Azarenka ain’t having it. #FrenchOpen pic.twitter.com/ZBBcq285FB
— Ben (@Jamin2g) September 27, 2020
Азаренка и Црногорката го напуштија теренот при 2-1 во првиот сет, подоцна се вратија па го доиграа натпреварот во кој Белорусинката на крајот славеше со 6-1,6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА