Хаос низ улиците на Берлин: Се степаа грчки хулигани, едно лице е во животна опасност

Берлин се подготвува за завршниот ден од евролигашкиот фајналфор, но изминатата ноќ во германската метропола ја одбележаа големи инциденти по масовната тепачка во која учествуваа грчки хулигани.

Двата гиганта Панатинаикос и Олимпијакос се дел од овој фајналфор, а навивачите на двете екипи договориле масовна тепачка „на неутрален терен“ во која учествувале над 70 хулигани.

Германските медиуми информираат дека полицијата експресно реагирала и спречила ескалација низ улиците на Берлин, по што биле уапсени голем дел од хулиганите.

Надлежните служби информираат дека поради повреди во болница биле пренесени 12 лица, девет полесно, две потешко повредени, додека еден навивач се наоѓа во критична состојба и лекарите во болницата во Берлин се борат за неговиот живот.

Се вчитува...