Тензично е во Барселона, фудбалерите го одбиле првиот предлог на управата на каталонскиот гигант за намалување на платите, а уште поголем хаос се случува во кошаркарскиот колектив, откако неколку играчи побарале раскин на договорот по „непристојниот предлог“ на челниците на Барса.
Имено, генералниот директор на кошаркарскиот клуб, Начо Родригез, имал средба со капитените Анте Томиќ и Пау Рибас, пренесувајќи им го планот на управата на играчите до крајот на сезонава да им бидат исплатени само 30% од парите што им се загарантирани со договорите. Кошаркарите биле спремни на намалување на платата, но ваквиот предлог го сметаат за драстичен.
За поголемиот дел од нив нема дилеми, ќе бараат раскин на договорите на штета на клубот доколку оваа опција се реализира. Барса сезонава инвестираше околу 50 милиони евра потпишувајќи долгогодишни договори со Никола Миротиќ, Кори Хигинс и Брендон Дејвис, доведени беа и Алекс Абринес и Малколм Дилејни, планирана беше загуба од 28 милиони евра како „вкалкулиран минус“, но со новонастанатата ситуација и минимизирањето на приходите сега оваа сума може да биде многу повисока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА