Хаос во Белград: Судиите се повлекоа на минута до крајот

Третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена Звезда е во прекин откако на неполна минута пред крајот на мечот, при водство на Партизан од 68-65 судиската тројка се повлече од теренот и замина во соблекувална.

На една минута до крај со тројката на Кевин Пантер црно-белите поведоа со 68-65, а по овој кош следуваше пауза бидејќи судиите го напуштија теренот и се повлекоа во соблекувалната.

Причината за ова е тоа што неколку пати домашната публика беше опомената за фрлање на предмети на теренот, а откако тоа се случи повторно, судиската тројка реши да се повлече се додека не се испразни тој дел од трибините во арената „Александар Николиќ“.

Се вчитува...