Хаос во БИХ: Пјаниќ отстранет од репрезентацијата поради недисциплина

Селекторот на репрезентацијата на БИХ, Ивајло Петев се одлучи да го отстрани фудбалерот од средниот ред Миралем Пјаниќ поради недисциплина. Тој нема да биде дел од селекцијата на последниот натпревар вечерва против Украина.

„Не треба да се заборави фактот дека Пјаниќ во дресот на репрезентацијата пружаше одлични партии. Неговата постапка колку и да не е примерна за играч од такво реноме, ниту патриотизмот кој треба да го чувствува секој кој го носи националниот дрес, сепак треба да се разбере како последица на недоволно психолошко опоравување после се што му се случуваше во последната година во неговата кариера“, се објави на страницата на фудбалскиот сојуз на БИХ, по што потоа беше исзбришан постот.

Ова е уште еден доказ за хаосот во федерација на БИХ, која владее во последно време.

Портпаролот на федерацијата не се јавува на повиците на новинарите, а Пјаниќ и дефинитивно го нема на списокот за вечерашниот натпревар.

Се вчитува...