Хаос во Франција: Навивач на Бордо удри противнички играч откако им даде гол на „жирординците“ (видео)

Неверојатна случка го одбележа последното коло од втората француска лига откако мечот меѓу Бордо и Роде беше прекинат откако еден неодговорен домашен навивач го удри гостинскиот фудбалер Лукас Буаде по постигнувањето на водечкиот гол за Роде.

„Жирординците“ мораа да победа и да се надеваат дека Мец нема да го добие својот меч од последното коло за Бордо да обезбеди влез во елитата, но наместо славје се случи сосема спротивното. Буадес остана да лежи на теренот бидејќи незгодно падна по големиот инцидент, натпреварот најпрвин беше прекинат триесетина минути, за главниот судија на крајот да објави дека мечот нема да биде доигран бидејќи повредениот играч имал потрес на мозокот.

Очигледно е дека овој меч ќе биде решен на зелена маса и речиси сигурно е дека Бордо службено ќе го загуби натпреварот, а „жирординците“ ги очекува и сериозна финансиска казна.

Се вчитува...