Лига Европа: Хаос во групата на Барди, Рома се спаси, Роналдо конечно стрелаше

Црвена Звезда ја одбрани „Маракана“ од Трабзонспор и со победа од 2-1 остана во игра за место во кое води во нокаут-фазата од првенството. Белградскиот тим славеше со 2-1 со головите на Катаи и Пешиќ, а за турскиот тим стрелаше Бакасетас.

Во полза на белграѓани е и резултатот од мечот помеѓу Ференцварош и Монако кој заврши со 1-1 па сега Монако, Трабзонспор и Црвена Звезда се наоѓаат на еден бод разлика пред последното коло. Во него составот на Енис Барди го очекува дуел против лидерот Ференцварош, а Црвена Звезда гостување кај Монако.


Standings provided by Sofascore

Рома ќе има шанса во последното коло од Лига Европа да стигне до место кое води во нокаут-фазата на Лига Европа откако го доби гостувањето кај ХЈК со 1-2. Во полза на „волчицата“ беше и средбата помеѓу Бетис и Лудогорец која заврши со победа на Шпанците (1-0) па италијанскиот и бугарскиот тим во меѓусебен меч ќе одлучуваат за патникот во 1/16 финалето.


Standings provided by Sofascore

Кристијано Роналдо се врати на зелениот терен и одигра цел натпревар против Шериф, а откако промаши зицер во првото полувреме, се запиша во листата на стрелци во третиот гол во победата од 3-0.

Во остнатите натпревари:

Омониа – Реал Сосиедад 0-2
Фрајбург – Олимпијакос 1-1
Нант – Карабак 2-1
Штрум – Фејенорд 1-0

Се вчитува...