Последното коло во италијанската Серија А минува во хаос откако фудбалерите на Јувентус не излегоа на терен да го почнат градското дерби со Торино, и тоа на инсистирање на навивачите на „старата дама“.
Градското дерби требаше да почне во 20.45 часот, но пред натпреварот дојде до сериозни инциденти надвор од стадионот, полицијата користеше и солзавец, а италијанските медиуми информираат дека еден навивач на Јувентус е примен во клиника во Торино во животна опасност.
Навивачите се бесни на односот на полицијата и им се заканиле на фудбалерите дека не смеат да излезат на терен за да го почнат натпреварот. Хаосот продолжи, консултирани беа и официјалните лица, по што беше даден дополнителен рок за проблемите да бидат разрешени.
На крајот беше решено мечот да стартува во 21.45 часот, а навивачите на Јувентус видно незадоволни ја напуштија својата трибина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
