Хаос во Лас Вегас – Нурмагомедов го победи Мекгрегор, удари паѓаа и надвор од рингот (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов го победи Конкор Мекгрегор и ја одбрани титулата на спектакуларниот УФЦ меч во Лас Вегас на кој потоа настана вистински хаос.

Хабиб веднаш успеа да го фрли Конор на под, му ги врза нозете и имаше целосна контрла на борбата во првата рунда. Шампионот го разниша Мекгрегор со силен удар на почетокот од втората рунда и потоа повторно го фрли на под, но Ирецот успеа да се спаси. Но, во тој обид со недозволен потег со коленото го удри Хабиб кој беше во предност.

Третата рунда донесе неколку добро удари од двете страни, сепак Мекгрегор имаше повеќе значајни потези и ја доби оваа рунда. Мечот беше решен во четвртатата рунда откако Хабиб уште на почетокот презеде контрола на борбата, одново го фрли противникот на под, а Мекгрегор потоа го предаде мечот.

И, тогаш настана целосен хаос во кој паѓаа боксови и надвор од октагонот. Шампионот Нурмагомедов излезе од октагонот и влезе во тешачка во публиката, а потоа и во рингот дојде до пресметка на двата табори.

Се вчитува...