Хаос во Мелбурн – Поради еден позитивен случај откажани сите мечеви на тениските турнири

Поради еден позитивен случај на хотелски работник во Мелбурн меѓу 500 и 600 тенисери и тенисерки, службен персонал и работници поврзани со Австралија опен ќе мораат во самоизолација и ново тестирање, а сите мечеви закажани за четврток на шесте турнири во Мелбурн се откажани.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз изјави дека одржувањето на првиот гран-слем турнир сезонава и покрај проблемите не е загрозено.

„Ова е еден случај и нема потреба од кревање паника. Покажавме како држава дека знаеме да ја контролираме ситуацијата“, изјави Ендрјуз. 

Сомнежите се дека дотичниот работник бил заразен со британскиот тип на коронавирус, а околу 500 до 600 лица кои се поврзани со Австралија опен биле во „близок контакт“ со него.

Се вчитува...