Иднината на Масимилијано Алегри на клупата на Милан е крајно неизвесна откако тимот не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите на вчерашниот натпревар против Каљари.
Судбината на тренерот сега ќе ја одлучи сопственикот на клубот, Гери Кардинале, а замената се чини дека е сè поверојатна опција по болниот спортски неуспех.
По натпреварот, видно потресениот Алегри не го криеше своето незадоволство.
„Како тим се браневме многу лошо. Немам за што да се жалам на момците. Дали сум поблиску до заминување по овој резултат? Во моментов сум разочаран и лут, особено откако се вративме во игра со победата против Џенова. Со тешко срце и со голема горчина мора да ја прифатиме оваа ситуација“, рече Алегри, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да поднесе оставка.
Навивачите го навредуваа Ибрахимовиќ
Одлуката сега е во рацете на сопственикот на клубот. Гери Кардинале, кој го напушти стадионот кратко по последниот свиреж во друштво на Златан Ибрахимовиќ, без да даде изјава за медиумите.
На пат кон паркингот, Ибрахимовиќ беше навредуван од бројни навивачи на клубот. За разлика од нив, директорите Џорџо Фурлани и Масимо Калвели останаа на Сан Сиро по натпреварот. Играчите не дадоа изјави за медиумите.
Но, веќе се навестува дека Лука Модриќ ќе си замине од клубот откако не се исполнија неговите два услови, Милан да се избори за ЛШ, и Алегри да остане тренер – што е малку веројатно!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
