Хаос во Милан: Бакајоко одби да влезе, Гатузо збесна

Џенаро Гатузо веќе најави дека нема да остане на чело на Милан следната сезона, со што го загуби и авторитетот над голем дел од фудбалерите.

Последен пример за тоа е односот на Темуе Бакајоко, откако фудбалерот што е на позајмица од Челси одби да влезе во игра на вечерашниот дуел со Болоња. Тој задоцни на тренингот на „росонерите“ минатата среда, па за казна денешниот натпревар го почна на клупата за резерви, препуштајќи му ја улогата на стартер на Билја.

Сепак, проблемите настанаа откако Аргентинецот се повреди и мораше да биде заменет, а Гатузо побара од Бакајоко да влезе на теренот. Екс-фудбалерот на Монако го шокираше својот тренер одбивајќи да влезе во игра, по што Гатузо му порача дека „ќе се разберат во соблекувалната“ и на местото на Билја го уфрли Маури.

Ова дефинитивно ќе биде сезона за заборав на „росонерите“, Гатузо сигурно си заминува, а со ваков непрофесионален однос речиси сигурно истото ќе биде случај и со Бакајоко.

Се вчитува...