Голем број навивачи на ПСЖ, по синоќешниот пласман на тимот во финалето од Лигата на шампионите, на улиците на Париз го прославуваа историскиот успех. Но, и голем број од нив се судрија со полицијата која најпрво се обиде да ги избрка со употреба на солзавец.
Откако полицијата не успеа во тоа се впушти во директна физичка пресметка со најекстремните навивачи, а се и поради тоа што Париз има остри мерки во борбата против коронавирусот.
PARIS – Le PSG s’impose 3-0 contre le RB Leipzig et se qualifie en finale de la ligue des champions. Scène de fête sur les Champs-Elysées pour les supporters. #RBLPSG pic.twitter.com/82At8yeBYp
— Clément Lanot (@ClementLanot) August 18, 2020
Навивачите ги блокираа улиците славејќи го пласманот во финалето. Имаше и многу употреба на пиротехника, а на крајот се се заврши со голем број приведен по немирите кои се засилија во главниот град на Франција.
Tensions sur les #ChampsElysees. Des supporters s’en prennent à un camion de police.#LEIPSG #PSGRBL #ChampionsLeague #dimaria #Paris pic.twitter.com/geLvdIzacf
— Yazid Bouziar (@ybouziar) August 18, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА