Хаос во ПСЖ: Нејмар и Тухел воопшто не комуницираат

Францускиот првак Пари Сен Жермен има големи проблеми со најголемата ѕвезда, Бразилецот Нејмар. Неговото однесување е неприфатливо за тренерот Томас Тухел кој воопшто не комуницира со него откако тој се врати на тренинзите со тимот. Весникот „Л’Екип“ открива дека ситуацијата воопшто не е наивна, а Нејмар бара начин како да изнуди да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.

Тухел исто така не сака незадоволен фудбалер во тимот, а раководството го нуди на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед. Во опција е и Барселона, но никој не се осмелува да плати 180 милиони евра, колку што ПСЖ бара за трансферот на бразилскиот интернационалец. Нејмар пред две години направи рекорден трансфер вреден 222 милиони евра кога од „Камп Ноу“ се пресели во Париз.

Француските медиуми откриваат дека ПСЖ му дал и ултиматум на Нејмар. Да се обиде да издејствува трансфер до 11 август, а потоа да се помири со останувањето на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...