Хаос во соблекувалната на Реал: Иско спречил инцидент меѓу Зидан и Себаљос

Тешката победа на Реал Мадрид од 3-2 против Малага донела и тензична атмосфера во соблекувалната на „кралскиот клуб“.

Како што пишува шпанскиот „Дон Балон“, веднаш по мечот избила непосакувана ситуација и вербален судир меѓу тренерот Зинедин Зидан и младата шпанска ѕвезда Дани Себаљос кој ова лето пристигна од редовите на Реал Бетис.

Себаљос реагирал до Зидан за малата минутажа оваа сезона во дресот на Реал. На тоа „полудел“ Зидан кој не успевајќи да се воздржи се впуштил во жесток вербален судир со фудбалерот. Во еден момент интервенирал и Иско меѓу двајцата за да спречи потежок инцидент.

Младиот шпански репрезентативец пред да пристигне во Реал имаше понуда за трансфер и во редовите на Барселона, но се одлучи сепак да ја прифати понудата од „кралевите“.

 

Се вчитува...