Ракометот, велат, е вистински машки спорт, но она што се случило во Врбас навистина не е надвор од секаков спортски дух. На дуелот од Супер Б лигата на Србија, дошло до општа тепачка помеѓу ракометарите на Врбас и Колубара.
Се започнало во 53. минута кога ракометар на домашната екипа со тупаница го удрил противнички играч во глава, а тоа била и главната причина за општата тепачка. На теренот влегоа и дел од гледачите.
За среќа, страстите биле смирени за некое време, а натпреварот завршил со победа на Врбас од 27-26. Домашните се третопласирани на табелата, а Лазаревци се претпоследни.
Како се случил инцидентот погледнете во видеото на еден час и осумнаесет минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА