Хаос во тенискиот свет – Побуната ја предводи Новак Ѓоковиќ

Во следните неколку дена може да настане голем хаос во тенискиот свет, а главен виновник е Американската тениска асоцијација (УСТА). Имено, УСТА одлучи да ги исфрли од Синсинати мастерсот, Гвидо Пелја и Иго Дилејн бидејќи нивниот физиотерапевт Мануел Галван е позитивен на коронавирус.

Двајцата тенисери биле негативни на тестовите за корона и Галван не бил во иста соба со нив, меѓутоа организаторот на турнирот сепак не им дозволи да настапат. Од УСТА изјави дека двајцата тенисери ќе бидат дисквалификувани само доколку тенисерите се сместени во иста соба со заразениот.

Се очекува да следува побуна која ќе биде предводена од првито тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ по состанокот кој го имал со сите учесници на турнирот. Тенисерите се со заеднички став дека одлуката на организаторот е погрешна и дека се крши со претходно донесените протоколи.

Се вчитува...