Хап: Лесно е со бек како Нено, дај му ја топката и уживај

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација стигна до првиот триумф во квалификациите за Евробаскетот 2025 откако на гостински терен славеше убедливо против Полска во натпревар во кој блесна дуото Димитријевиќ – Хап постигнувајќи 51 од 96 поени на Македонија.

Новиот македонски репрезентативец одигра уште еден фантастичен натпревар кој го заврши со 19 поени, 7 скокови, 5 асистенции и 5 украдени топки, а имаше и пофални зборови за Димитријевиќ на пресконференцијата по средбата.

„Се подготвивме добро за овој натпревар и за тоа како играат, поготово во зонска одбрана. Знаевме што ќе направиме и покрај тоа што ни беше тешко на почетокот. Кога имаш бек како Нено му ја даваш топката и го оставаш да игра, беше доминантен. Ми беше задоволство да го гледам како игра поготово дека јас бев тој кој му поставува блокови. Како што кажа тренерот, секој кој настапи денеска придонесе за победата“, изјави Хап.

Се вчитува...