Хап во првиот меч за Македонија, кандидат за МВП на првата рунда во квалификациите

Итан Хап имаше импресивно деби во дреот на македонската репрезентација откако американскиот центар постигна 18 поени на дуелот со Естонија, што за жал се покажа недоволно за триумф на стартот на новиот квалификациски циклус.

Зад името на нашиот нов Американец останаа запишани и 10 скока и четири блокади, за дури 30 индексни поени, со што Хап се најде на скратениот список на кандидати за МВП на првото кол од квалификациите.

Македонскиот центар за ривали во оваа трка ги има Оскар да Силва од Германија, потоа Словенецот Клемен Препелич, Џанан Муса од БиХ и Мајлс Хесон од Велика Британија. За Хап може да се класа со кликнување на фотографијата од веста на твитер-профилот на ФИБА Евробаскет.

Се вчитува...