Харден повторно во центарот на скандал: „Забава до бесвест…“ (ВИДЕО)

Џејмс Харден повторно е во центарот на скандал, откако се појави видео снимка од негова забава во стриптиз-клуб, на која јасно се гледа дека нема почитување никакви мерки за заштита од коронавирусот.

НБА заедно со неговиот клуб Хјустон покренаа веднаш истрага околу снимката. Харден призна дека снимката е од овие денови…

„Добро, секогаш има нешто ново. Бев на забава кај пријателка а не во стриптиз-клуб. И сега тоа е проблем. Секој ден има нешто друго. Не можете моето име постојано да го ‘валкате’ по дното без разлика на тоа колку и да се обидувате. Вистината секогаш ќе исплива на површина“ – напиша Харден.

 

Се вчитува...