Хари Кејн дефинитивно го пропушта дербито на „Олд трафорд“

Тотенхем ќе мора да му се спротивстави на Манчестер јунајтед без помошта на Хари Кејн, откако денеска беше обелоденето дека најдобриот стрелец во Премиер-лигата дефинитивно нема да може да настапи на „Олд трафорд“.

Тој го повреди мускулот за време на минатонеделното дерби со Ливерпул, „спарси“ се надеваа дека со неиграњето во Лига-купот ќе има доволно време за рехабилитација, но третманите не вродија со плод. На денешната прес-конференција на Маурицио Покетино беше објавено дека англискиот голгетер дефинитивно нема да настапи против Манчестер јунајтед, без дополнително наведување на детали околу должината на неговата пауза од терените.

Во отсуство на Кејн, Покетино е принуден да му даде шанса во стартниот тим на Фернандо Љоренте, кој летово пристигна во Тотенхем од редовите на Свонси.

Се вчитува...