Хари Кејн го декласира Лестер

Тотенхем оствари убедлив триумф (3-0) над Лестер и му ја отежна позицијата за пласман во Лигата на шампионите. Во последното коло, „лисиците“ ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед во директен дуел за пласман во европската елита.

Тотенхем поведе во шестата минута, кога по удаеот на Сон топката удри во гостинскиот играч Џастин и го измами голманот Шмајхел. Потоа на сцена стапи Хари Кејн кој со два прекрасни гола го декласираше ривалот.

Напаѓачот на „спарс“ погоди во 37.минута за водство од 2-0, а три минути подоцна и уште еднаш на фантастичен начин ја затресе мрежата на Лестер.

Се вчитува...