Хари Кејн го напушти кампот на англиската фудбалска репрезентација

Еден од најдобрите англиски фудбалери, Хари Кејн го напушти кампот на англиската фудбалска репрезентација и се врати во Минхен.

Кејн има повреда на зглобот, но и покрај тоа се појави на репрезентативната прозивка. Англичаните се надеваа дека ќе го имаат барем за дуелот со Белгија, но тоа нема да се случи.

„Хари Кејн ќе се врати во Германија за третман на повредата на зглобот. Тој нема да биде подготвен да игра против Белгија во вторник“, рече Саутгејт.

Англија синоќа играше пријателски меч против Бразил на „Вембли“ и загуби со 0-1.

Се вчитува...