Хари Кејн и другарите пресилни за Хадерсфилд

Тотенхем стигна до четвртата победа во новата сезона од Премиер – лигата, откако убедливо го совлада Хадерсфилд на гости со 0-4. Хари Кејн и другарите очигледно се пресилни за новиот премиерлигаш.

Кејн го отвори резултатот уште во деветтата минута, а Бен Дејвис во 16.минута зголеми на 0-2. Се беше јасно околу победникот кога Хари Кејн во 23.минута стрелаше по вторпат, постигнувајќи го третиот гол за „спарси“. Во самата завршница од мечот, Муса Сисоко го постави конечниот епилог, 0-4 во корист на Тотенхем.

Се вчитува...