Хари Кејн: Многу ми е чуден ставот на поединци дека ние Македонија треба да ја победиме 5-0 или 6-0

Капитенот на Англија, Хари Кејн, освртувајќи се на синоќешниот натпревар во Скопје и ремито против Македонија со одговор на сите напади од англиските фанови кои очекуваат лесна победа на „Гордиот Албион“.

Според Кејн, сите во англиската селекција, уште пред натпреварот биле повеќе од свесни дека ги чека тежок натпревар против квалитетен тим.

„Многу ми е чудно кога слушам и читам дека ние сме требало да победиме 5-0 или 6-0 секогаш кога играме против Македонија. Но, нeкои како да не сака да разберат дека тоа е една квалитетна селекција која успеа да ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Јасно е дека ние како Англија нормално сакавме победа и дадовме се од себе да дојдеме до неа. Никој кога игра за репрезентацијата ниту калкулира ниту, пак, може да се задоволи со реми. Напротив, силно посакувавме триумф во Скопје но едноставно не успеавме да дојдеме до тој втор гол“ – вели Кејн, притоа дополнувајќи:

„Можеме да бидеме навистина горди на начинот на кој го одигравме овој квалификациски циклус во реално најтешката група. Сега знаеме дека на ЕП 2024 одиме на титула“.

Се вчитува...