Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, го одработи денешниот последен тренинг со соиграчите во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на шампионите против европскиот првак Реал Мадрид. Тоа значи дека би можел да се најде во составот на Маурицио Покетино за големиот меч против „кралскиот клуб“ во елитното европско клупско натпреварување.
Во минатото коло од ЛШ, Тотенхем извлече реми против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а Кејн не беше во можност да игра поради повреда на бутниот мускул. Со него во составот, „спарси“ на домашен терен сигурно ќе атакуваат и на победа против актуелниот европски првак.
„Тој се чувствува добро, и среќни сме што е повторно со нас. Дали ќе игра? Ќе видиме до утре“, изјави кусо менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА