Џо Харт ќе биде играч на Вест Хем и трансферот ќе се реализира во следните денови, известуваат англиските медиуми. Манчестер сити се согласи да го пушти 30-годишниот голман на едногодишна позајмица во клубот од Лондон, со опција да го откупат за околу 15 милиони фунти. Двата клуба постигнаа договор околу платата, а Вест Хем ќе исплаќа половина од платата на голманот, која изнесува 100.000 фунти неделно.
Откако ја мина минатата сезона во Торино, Џо Харт ќе мора повторно привремено да ја менува средината, со цел да си ја спаси кариерата, а и да обезбеди место во составот на репрезентацијата на Англија за СП 2018 година. Доколку се оствари трансферот, Харт ќе биде вториот играч кој летово заминува од редовите на Сити во Вест Хем, откако Забалета пристигна како слободен играч.
Вест Хем се подготвува за разделба со еден од двајцата голмани. За Адријан и за Рендолф се интересираат Кристал Палас, Њукасл и Мидсборо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА