Хасан Мустафа: Нема одложување на СП, наскоро одлуката за вајлд-карта

Претседателот на Интернационалната ракометна федерација, Хасан Мустафа категоричен е кога станува збор за одржувањето на Светското првенство во јануари следната година во Египет.

„Првенството ќе биде одржано во Египет, и апсолутно немаме никаква намера да го одложиме поради коронавирусот. Државата е подготвена да го организира натпреварувањето. Убеден сум дека првенството во Египет ќе биде едно од најдобрите во историјата. Познати се поголемиот дел од партиципиентите а останува уште многу брзо да ги доделиме вајлд-картите“ – истакна Мустафа.

Првенството ќе се игра од 14. до 31. јануари 2021 година, и ќе биде прв шампионат со 32 репрезентации, место со досегашните 24 партиципенти.

Македонија е една од пет кандидати за добивање на двете вајлд-карти. Покрај Македонија, во игра за вајлд-карта од Европа се Русија, Србија, Црна Гора и Полска. Најголемите конкуренти на Македонија се Русија и Полска. Полјаците веќе почнаа и со отворен притисок кон ИХФ, нагласувајќи дека не смее да останат без настап на СП 2021 затоа што во 2023 година тие ќе бидат домаќини на ракометниот Мундијал.

Се вчитува...