Хасани и Ибраими го ’размонтираа’ Тракаи, Шкендија во плејофот на Лига Европа

Шкендија е во плејоф колото од Лигата на Европа. Македонскиот вицепрвак го ’размонтира’ Тракаи во Струмица, совладувајќи го 3-0, во копродукција на најдобрите свои играчи, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими. Капитенот беше стрелец на два гола, а серијата ја отвори Ибраими.

Шкендија од самиот старт тргна офанзивно, според најавите, со цел што е можно побрзо да стигне до водство и да ја анулира негативата од првиот меч во Вилнус. Ибраими и Абдурахими се обидоа со удари од далечина, а во 23.минута Ферхан Хасани со шут од 25 метри ја погоди гредата од голот на Тракаи.

skendija - trakai 2

Потоа дојде конечно и водството. Бесарт Ибраими упати „бомба“ од триесетина метри и ја погоди мрежата на противникот. По водството, Шкендија продолжи со интензивни напади, а го удвои водството пред одморот.

Претходно, Бејтулаи со удар од голема далечина ја погоди гредата од голот на Тракаи, а Ферхан Хасани во 42.минута постигна прекрасен погодок од слободен удар. Македонскиот вицепрвак стигна до предност која го носи во плејоф колото од Лигата на Европа.

skendija - trakai 1

Во вториот дел, Шкендија продолжи да ја контролира играта, иако офанзивата малку стивна. Во 70.минута, Бесарт Ибраими излезе сам пред противничкиот голман, беше соборен од зад грб, но судијата Писани не покажа на белата точка. Две минути подоцна, Климавичиус доби втор жолт картон и беше исклучен токму по старт над Ибраими, па Шкендија доби предност и во поле од еден играч повеќе.

Во 85.минута, Радески излезе сам пред противничкиот голман, но шутираше за малку крај голот. Три минути подоцна, беа разрешени сите дилеми.Шефити нафрли од левата страна, Хасани реагираше од прва на петерецот и по третпат ја затресе мрежата на Тракаи на овој дуел. Шкендија е во плејоф колото од Лигата на Европа.

ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

ШКЕНДИЈА – ТРАКАИ 3-0 (2-0) ВКУПЕН РЕЗУЛТАТ 4-2

Стадион „Младост“ во Струмица. Гледачи: 2.500. Судија: Клејтон Писани (Малта). Стрелци: Ибраими 29’, Хасани 42’, 88’ (Шкендија). Ж. картони: Воробјовас, Климавичиус, Јериоменко (Тракаи). Црвен картон: Климавичиус (Тракаи).

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Бојку, Бејтулаи, Челиковиќ, Алими, Тотре, Радески (90’ Фазлагиќ), Хасани (90+3’ Зејнулаи), Абдурахими (82’ Шефити), Ибраими.

ТРАКАИ: Плукас, Боровскиј, Јанушевскис, Климавичиус, Вакили, Шишка (88’ Мамаев), Воробјовас, Шиленас (81’ Чижас), Биченок (46’ Јериоменко), Максимов, Дорлеј.

1-0 Besart Ibraimi Goal UEFA Europa League… by milena-georgieva1Amazing Free Kick Goal Hasani (2:0) Shkendija… by ylberenexhipiSecond Goal Hasani F. Shkendija 3-0 Trakai by hdlivegoals

Се вчитува...