Хасани: Можеме да се надигруваме и со најсилните

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за последната квалификациска акција во овој мундијалски циклус. Утре националниот тим патува за Торино, каде в петок ќе ги одмери силите со селекцијата на „аѕурите“, а потоа следи и мечот против Лихтенштајн во Струмица.

Фудбалерите во одлична атмосфера го пречекуваат дуелот со Италија, а Ферхан Хасани вели дека Македонија покажа дека може да се надигрува и со најсилните селекции во групата.

„Не чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека Италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој друг“, изјави Хасани.

Се вчитува...